Научниците го продупчија мразот: „Не знаеме што ќе најдеме таму“

од desk2
97 прегледи

 

Тим од 50 научници, инженери и други помошници издупчија дупка низ повеќе од еден километар дебел мраз до субглацијалното езеро Мерсер под Западната антарктичка плоча мраз.

Повеќегодишните напори на научниот тим SALSA (Subglacial Antarctic Lakes Scientific Access) да се пристапи на некое субглацијално езеро, кое е едно од околу 400 идентификувани ширум Јужниот пол, нуди ретка можност за истражување и биолошко-хемиско испитување на еден од најизолираните екосистеми на Земјата.

Друго субглацијално езеро до кое човекот успеа да допре е блиското езеро Виланс, чии примероци покажаа дека дури и толку екстремна околина може да биде дом на разнообразен микробски живот.

“Не знаеме што ќе најдеме. Сите уште учиме. Ова е дури втор пат нешто вакво да е направено“, возбудено велу Џон Приску, биохемичар од државниот Универзитет во Монтана.

По големите напори да се довезе повеќе од 500 тони опрема на местото на дупчењето, оддалечено повеќе од 1.000 километри од станицата Макмардо, тимот почна со дупчење односно топење на мразот на 23 декември, а до езерото, со површина од 140 квадратни километри, стигна на 26 декември по издупчени 1.083 метри.

Сега дојде време да се спуштата бројни инструменти па го проучат езерото, од мерењето на температурата, длабочината, структура на ѕидовите до земање примероци на вода, мраз и седименти на дното.

https://vimeo.com/268874448