Совршен рецепт за наједноставната торта на светот!

СОСТОЈКИ:
250 гр алва
250 гр шлаг
100 мл кисела вода
250 гр бисквити
50 гр шлаг за декорација
црно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со кисела вода разматете шлаг, а бисквитите сомелете ги, па измешајте ги со шлагот и алвата.
Сè убаво наредете во калап, обликувајќи торта, а потоа украсете ја по желба, а наш предлог е шлаг и рендано црно чопколадо или ореви.
Тортата оставете ја во фрижидер добро да стегне, а потоа послужете.
Уживајте!