Илјадници без струја, а сообраќајот во прекин откако бура ја погоди Шведска

од desk2
143 прегледи

 

Повеќе од 100.000 домаќинства се без струја во среда наутро откако силна бура ја погоди Шведска.

Бурата Алфрида предизвика проблеми во сообраќајот, паднати дрвја ги блокираа патиштата, а не сообраќаат ни траектите.

Јужните шведски региони, Свеланд и Готланд, се најмногу погодени од силни ветришта во вторник вечерта, кои продолжија и утрово, додека Норланд помина полесно.

Предупредувања за силно невреме објавени се во источена Свеланд, делови од Стокхолм и Упсала, како и на островот Готланд.

Спасувачките сервиси и Шведското транспортно друштво испратија свои екипи да ги отстрануваат паднатите дрвја од патиштата. Сепак, до утрово не биле пријавени случаи на повредени луѓе поради невремето.

Авионскиот превоз не е во прекин поради невремето.