Модни близначки: Кајли Џенер и војвотката од Сасекс во ист фустан

од desk2
115 прегледи

Војвотката од Сасекс Меган Маркл беше една од највлијателните трендсетерки во 2018 година. Речиси се што носеше на јавните настапи во миг се распродаваше, а се чини дека Меган Маркл ефектот ја погоди и Кајли Џенер.

Најмладата сестра од кланот Кардашијан, но и најбогатата од нив, ја дочека Новата година во еден од незаборавните фустани на Меган кој го носеше на турнејата со хари по Австралија.

Се работи за таканаречениот сако-фустан, воедно и еден од омилените овогодинешни трендови на војвотката, со потпис на новозеландскиот бренд „Maggie Marilyn“.

Белиот сако-фустан Кајли го искомбинира со потполно проѕирна торбица и салонки во боја на кожа со сини и зелени детали, а во Новата година влезе со одважна боја на косата.

https://www.instagram.com/p/BsFJgU-hX1v/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_camera

Војвотката овој фустан го носеше на настанот во Велингтон, уште во октомви, но иако се работи за исто парче облека, таа направи на својот малку поправки.

За разлика од Кајли, фустанот на Меган немаше ракави и сепак беше малку подолга.

Навистина е неочекувано да се видат тие две во ист фустан, а сепак на двете им стои прекрасно.