Америка, Русија и Кина се најјаки воени сили, при што годишниот воен буџет за САД изнесува 647 милијарди долари, кинескиот 151 милијарда, а рускиот 47 милијарди долари.
Според годишните податоци на “Global Firepower”, Кинезите имаат најмногу активни војници (2.693.000), следат САД со 1.281.900, па Русија со 1.013.628.
Америка предничи и според бројор на воени авиони ловци (1.962), следат Кина (1.125), па Русија (818).
САД имаат и 2.830 бомбардери, Кинезите 1.527, а Русија 1.416.
Американската војска располага и со 5.758 воени хеликоптери, руската со 1.514, а кинеската со 985.
Американците имаат 38.822 оклопни транспортери, Русите 7.716, а Кинезите 9.000.
Во бројот тенкови предничи Русија (20.300), следи Кина (7.716), па САД (5.584), пренесе „Руска реч“.
Во морнарицата Русите предничат во бројот корвети, имаат 78Американците се први по бројот на разорувачи (65), како и во бројот носачи на авиони (20), додека Кинезите имаат најмногу фрегати (50).