Десерт со здрави состојки! Одлична комбинација од вкусни и здрави состојки

Потребни состојки:
1 шолја овесни снегулки
1 шолја ‘ржано брашно
1 шолја кисело млеко
1 шолја мелени ореви
100 грама кокосово брашно
1 лажица кафеав шеќер
1 шолја мелени бадеми
4 лажици маслиново масло
2 јајца
Приготвување:
Во длабок сад ставете овесни снегулки, ‘ржано брашно и мелени ореви и бадеми. Направете вдлабнатина и во неа ставете изматени јајца, шеќер, кисело млеко, кокос и маслиново масло. Сето тоа измешајте го и ако кашата е премногу густа, додајте малку вода.
Распоредете ја смесата во плех премачкан со масло и наросен со брашно. Печете во рерна на 180 степени, 20-30 минути. Проверете со чепкалка дали тестото е печено.
Уживајте во десертот без грижа на совест!