Еден од најдобрите начини да консумирате овошје е за појадок да приготвите совршено смуди

Прочитајте го овој рецепт за здраво смуди од калинка кое ќе има позитивно влијание на вашето здравје, бидејќи калинката е многу добра за регенерација на крвните садови.
Потребни состојки:
1-2 калинки
1 портокал
20 грама исчистени семки од тиква
2 децилитри бадемово млеко
шака боровинки
Приготвување:
За почеток, исчистете ја калинката и одвојте ги плодовите во посебен сад. Ставете ја калинката во блендер, потоа исцедете го портокалот, па додајте ги останатите состојки и добро изматете.
Уживајте во полната чаша здравје!