Поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија, германската Амбасада во Скопје соопштува:

Информациите се достапни на веб страницата на германската амбасада на следниот линк.
Дојче веле потсети дека германската влада на 19 декември даде зелено светло за нов предлог-закон за доселување, но тој сѐ уште не стигнал на дневен ред во парламентот во Берлин. Тоа би требало да се случи во текот на оваа година. Новиот предлог-закон има за цел да ја направи Германија поатрактивна за стручњаци кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Критичарите се жалат поради тоа и велат дека намерата на новите правила била само да се привлечат стручњаци. Затоа, тие бараат планираните измени да важат и за други категории лица.