Колку време сме тажни, толку повеќе го бараме чоколадото. Постојат два многу сигурни показатели кои зборуваат за најтешките периоди, искуства на една или друга нација – потрошувачката на антидепресиви и потрошувачка на чоколадо.
Во Италија и двете се во пораст, при што уживаат и фармацевтите, и производителите на чоколади.
Само во последните 4 годину купувањето на чоколадни производи на Апенините скокнало за 20 отсто и покрај празнењето на џебот на Италијанецот. Просечно по 4 килограми чоколадо годишно троши секој жител на италијанските градови.
Занаетот на чоколатиерите исто така е во цут. За разлика од многу други професии кои го сменија ликот со напредокот на технологијата, традициите во оваа професија се посилни од било кога. Денес чоколадните маестри го прават чоколадото точно како и пред 100 година. На ист начин се печат и мелат какао зрна, како и порано. Меѓутоа, разликата е во дополнителните производи.
Многумина уште паметат на Апенините како поскапувањето во 60-тите години на минатиот век на чоколадото, предизвика криза во конзумирање, доведувајќи до раѓањето на еден од најомилените италијански производи во светот – нутелата. Џаџуа кремот кој стана познат со тоа трговско име, се прави од тесто од лешник и е како допрено од небото за љубителите на слатките тогаш, бидејќи чини пет пати помалку од чоколадото.
Денешната криза, го загорчува животот на многумина, но исто така води и до пронајдоци на чоколадниот фронт. Вистински бум прават неговите производи со лута пиперка и ѓумбир, кои се сметаат од една страна, за афродизијак, а од друга – за искушување на нервите до крајност.
Италија одамна се смета за лулка на најдоброто чоколадо. Своевремено токму Кристофер Колумбо увезува од Јужна Америка, или попрецизно од Венецуела, какао растение. Тој останува поразен од квалитетите на какао зрната, кои во тоа време се користат таму како адут.
Италијанските шоколатиери, или занаетчиите на чоколадо, во моментов се побарани од било кога, бидејќи токму тие нудат производи со суровини од највисок квалитет. Во рачно направеното чоколадо нема палмино масло, ниту какво и да било друго растително масло, туку само какао путер. Покрај тоа исклучиво шоколатиерот е оној кој ги користи најквалитетните јужноамерикански какао, бадеми или лешници.
Умбра е чоколадната тврдина на Италија. Централниот регион, сместен северно од Рим, располага со две чоколадни престолнини – Перуџа и Терни, кои секоја година ги собираат на фестивали (односно “Еурочоколит” во октомври и “Чоколентино” во февруари) зависниците по чоколадото.
Чоколадна форма на железарски инструменти и делови на обувки и играчки – нема граница за имагинацијата на шоколатиерите кои ги изложуваат своите производи пред клиентите.
Пар чоколадни женски чевли на “Гучи” можат да се купат во Терни за 20 евра. Со приближно иста цена може да се најдат и чоколадна пегла, и чоколадна кафемашинка.
Денешното име на какаото потекнува од Theobroma cacao, или храна за богови. Се претпоставува дека Маите биле првите кои почнаа да го одгледуваат пред повеќе од милениум. Потоа пак тоа се раширило благодарение на Ацтеките.
Какаото, од кое се прави чоколадото, се закити одамна не само со хранливи, туку и со лековити својства. Богато е со протеини, липиди, флавоноиди и витамини од групата Б, а чоколадото, особено горчливото, е прекрасно рекреативнио средство.
Две квадрати чоколадо на ден се како чудотворен лек во случаите на силен замор и астенија (слабост, недостаток на енергија). Неговата способност да се врти побрзо во енергија организмот го прави идеален стимуланс за спортистите. Поради присуството на серотонин тој се претвора во лек против депресија и нервоза. Антиоксидансите, со кои е богато какаото, помагаат во борбата со слободните радикали и раното стареење. Кафеинот и теоброминот (горчлив Алкалоид) пак е погоден за концентрацијата и подобрата меморија кај постарите луѓе. Флавоноидите имаат позитивни ефекти врз кардиоваскуларната активност, но исто така и го зајакнуваат имунолошкиот систем, го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Згора на тоа какаото помага за ослободувањето на ендорфин, кој го дава чувството на добро расположение и благосостојба.