Џејсон Момо беше прогласен за најубавиот маж за 2018

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Џејсон Момо, најпознат по својот игран филм “Акваман”, беше прогласен за најубавиот маж во изминатата 2018 година. Тоа е рангирање на TC Candler за најубавите мажи.

Покрај актерот, други вклучени популарни имиња се Идрис Елба, Дејвид Бекам, Зејн Малик, Ентони Џошуа и други.

Интересен е фактот дека додека Џејсон Момо е прв, Леонардо ди Каприо е последен. Второто место е за јужнокорејскиот изведувач Жан Јунг-Кок, а третото е за актерот Идрис Елба.

Иако тој е многу голем човек и изгледа страшен па дури и лош, Џејсон Момо е многу емотивна личност. Тој постојано признава дека често плаче за време на сетовите.

Наградите на TC Candler се доделуваат секоја година од 1990 година. Тие беа креирани од британските филмски критичари Ричард Пропс и Џејкоб Хал.