Ед Ширан заработувал 106.000 фунти дневно за време на неговата светска турнеја. Со тоа тој заработил повеќе од 17 милиони фунти годишно, пишува Daily Mail.
Според британските медиуми, билетите за турнејата на уметникот се најдобро продаваните во изминатата година. Тој ја престигна дури и Тејлор Свифт.
Во прилог на добрите финансиски резултати и милиони фанови низ целиот свет, Ед Широн исто така може да се пофали со книга. Биографијата е над 200 страници и е насловена како “Патување во слики”. Во неа, тој раскажува како тој бил обземен од музиката и открива некои од неговите најинтересни моменти на патот кон големата сцена.
Во јануари минатата година, Ед Широн ја запроси неговата долгогодишна партнерка, Шери Сиборн.