Брзо и вкусно!
Ова пилешко ќе ги воодушеви сите домашни, а може да го комбинирате со ориз

Пилешките гради се едноставни за приготвување, а кога ќе им додадете и сос теријаки, оброкот ќе биде уште повкусен. Со пилешкото теријаки одлично оди ориз со куркума, но и зеленчук како карфиол и брокули приготвени на пареа.
Потребни состојки:
5 лажици сос соја
2 лажици вода
2 лажици оризов оцет
2 лажици мед
1 лажица пченкарен скроб
1 лажица ситно исечкан ѓумбир
2 чешниња лук
700 грама пилешки гради
сусам
Приготвување:
Во помал сад измешајте соја-сос, вода, оризов оцет, мед, пченкарен скроб, ѓумбир и лук.
Оставете ги состојките добро да се спојат.
Исечкајте го пилешкото на помали коцки и посолете го.
Додајте масло и запржете го пилешкото од сите страни.
Пржете околу 7 минути.
Добро измешајте го сосот, па додајте го во пилешкото и пржете на тивок оган уште околу 5 минути.
Додајте сусам, а може да наросите и ситно исечкан млад кромид.