Мараја повторно со каприц на сцената

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Мараја Кери ја бие глас за една од најпознатите каприциозни и своеволни ѕвезди во шоубизнисот и изгледа со годините однесувањето на „дива“ само се засилува. Пејачката ги погоди фановите откако ја прекина нејзината изведба за време на новогодишната забава за да ја освежи нејзината шминка.

Кери, која во неколку наврати ги саботираше нејзините настапи во живо со тврдења и каприци, одлучи да ја донесе својата шминка на сцената овој пат. Ѕвездата која пееше на плажата Ники во новата година го прекина нејзиниот перформанс за мало „освежување“.

Очевидците откриле за И-њус како  таа барала да се поправи нејзината шминка пред сите и  повторувала “Средете ме”.

Пејачката коментираше дека поради тропската клима, постојано ѝ било топло и сакала да изгледа добро за фотографиите на Instagram кои потоа морале да излезат.

За време на нејзините изведби, Кери еднаш го сменила фустанот и пеела само неколку од нејзините хитови.