43 годишниот актер, кој за првпат застанува зад камера, за да го создаде “Се роди ѕвезда”, и во кој филм тој исто учествува, се плашел дека неговите напори нема да бидат пречекани топло од фановите, соопшти Контакт мјузик.
Бредли чиј филм беше номиниран за неколку награди вклучувајќи и за Златен глобус за Најдобар филм – драма изјави дека “се надевав дека нема да се обрукам сериозно”.
“Толку е ранливо да пишуваш, раскажуваш приказна и да ја режираш. Мислам, јас немав идеја што правам. Само знаев дека треба да се обидеме. Значи дека факт е дека е примен добро, едноставно сакав уживам”, вели Купер.
Бредли учествува во филмот, заедно со поп ѕвездата Лејди Гага и тој изјави дека сака да го претвори филмот во мјузикл на Бродвеј.