„Porsche“ претстави нова верзија на тркачкиот модел „718 Cayman GT4 Clubsport“.
„Cayman GT4 Clubsport“ доаѓа во две верзии – „Trackday“ за аматерски тркачи и „Competition“ зa професионални трки.
Двете верзии користат 3,8-литарски „boxer“ агрегат со 420 KS и 425 Nm вртежен момент поврзан со шестстепен автоматски менувач со двојно квачило и механички ограничена блокада на диференцијалот кој ја пренесува моќта на патот.
Предната суспензија е со „911 GT3 Cup racer“, a за безбедноста на возачот се грижи стандардниот „FIA“ безбедносен кафез, „Recaro“ тркачките седишта со ремени кои се врзуваат на шест точки, отвор за излез низ покривот, а тука е и „Coswort“ дигиталната контролна табла.
„GT4 Clubsport“ е првото „Porsche“ кое е јавно достапно со материјали од природни јаглеродни влакна.
Верзијата „Trackday“ со асистенти при возењето, како системот против заклчување на сопирачките, електронска стабилност и контрола на пролизгувањето.
Тука е и клима уредот и резервоарот од 80 литри, а сопствениците можат да го сервисираат својот автомобил во било кој сервисен центар на „Porsche“.
„Competition“ верзијата има повеќе тркачки делови, како подесување на амортизерите, исто така за работата на сопирачките, интегрирана дигалка, волан од „911 GT3 R“ и поголем резервоар од 115 литри.
Цената на „718 Cayman GT4 Clubsport“ во верзијата „Trackday“ се движи од 134.000 eвра, a пак кај „Competition“ e најмалку 157.000 евра.