Просечниот корисник во 2018 година потрошил повеќе од еден месец на својот смартфон

од desk2
79 прегледи

Во текот на 2018 година просечниот корисник на својот смартфон потрошил околу 36 дена. Тоа се резултати од истражувањето на eMarketer и се однесуваат на САД, но оваа статистика лесно може да се копира и за Европа и за остатокот од светот.

Просечниот жител на САД дневно троши по 2 часа и 23 минути на својот паметен телефон. Ако на тоа се додадат таблетите и другите уреди, тогаш добиваме дневен просек од 3 часа и 36 минути дневно, што е ендакво на 36,4 дена годишно.

Ако се земе предвид дека ова е само просек, поединците чиј живот е целосно на Интернет или е тесно врзан за паметниот телефон ќе имаат значително повеќе часови на телефон. Доколку ве плаши оваа статистика, спасот, колку и да е иронично, е во многубројните апликации кои го следат времето поминато на Интернет и ве предупредуваат ако претерате.