Штрудла со јаболка

од desk2
438 прегледи

Без ова благо, празниците не може да поминат. Подгответе го!

Состојки

500гр кори за пита
1кг јаболка( покисели)
2лажици шеќер
1лажичка цимет
150мл зејтин
100мл кисела вода
50гр шеќер во прав

Подготовка:

Јаболката се лупат и се рендаат на покрупната страна од рендето. Се додава шеќерот и циметот и убаво се меша.
Се реди првата кора и се премачкува со зејтин. Над неа се става втора кора која исто се премачкува со зејтин и се покрива со третата кора. На третата кора по ивицата се става околу 4 лажици од јаболката и се рола – се витка во ролат. Истото се прави и со останатиот дел од корите.
Ролатите се редат во подмачкан плех, се сечат на парчиња по желба и се попрскуваат со преостанатиот зејтин измешан со киселата вода.
Се пече на 200степени околу 20-25 минути.
Од како ќе се подолади се наросува со шеќер во прав и се служи.