На 15 октомври 2018 година, Кенсингтон Палас објави дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркел го очекуваат своето прво дете во пролетта 2019 година.
Потврдата за бременоста на еден од највозбудливите парови во светот во моментов, се случи само пет месеци по нивната свадба во мај 2018 година. Тоа кралско бебе можеби ќе се покаже најочекуваниот ѕвезден наследник за оваа година. Инаку доста други познати личности го шокираа светот пред неколку дена, со радосната вест дека ќе имаат дете наредната година.
Тоа го направија и Ким Кардашијан и Кание Вест. Тие најавија дека ќе добијат четврто дете во 2019 година. Бебето кое ќе е момче, ќе биде родено од сурогат мајката која го износи и третото дете – Чикаго.
Според извори блиски до Ким, тоа ќе е последното бебе на двојката, која веќе има 5-годишна ќерка Норт, 3-годишен син Сент, а нивната ќерка Чикаго има 11 месеци.
Видете слики од ѕвезди кои оваа година ќе ги зголемат своите семејства со уште еден член во нашата галерија!