Премиерот Заев и сопругата Зорица за Божик ги посетија штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

од desk2
92 прегледи

ПремиеротЗоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.


Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.

Низ разговорот, информираат од владинат апрес-служба, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од инстиуциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредување на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.