Девојката што носеше вода на Златните глобуси, е вистинска ѕвезда

од desk2
79 прегледи

 

Девојката која носеше шишиња со вода на црвениот тепих на вчерашните Златни глобуси стана вистински хит на интернет откако ги “фотобомбардира” сите ѕвезди, пишува “The Sun”.

Непознатата девојка која носеше шишиња со вода “Fiji” стана ѕвезда на доделувањето на наградите со нејзиното појавување зад некои од најпознатите светски личности. Оние кои ги гледаа Златните глобуси веднаш ја воочија бринетата која се појави зад Дакота Фенинг, Џим Кери, Идрис Елба но и многу други.

“Девојката која носеше “Fiji” вода е ѕвезда на вечерта”, е само еден од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

“Fiji” е официјалниот бренд на вода на Златните глобуси од 2015 година.