Најдобро облечените актерки на доделувањето “Златен глобус“ 2019

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Првата холивудска церемонија за Нова Година е веќе факт. 76-тите награди на Златен глобус беа доделени во Лос Анџелес, а традиционално црвениот тепих ги истакна најзначајните дами.

Оваа година се издвојува со значително класични изгледи и обложување на вечните трендови за сметка на најсмелите и храбри настапи. Се разбира, сето тоа беше прелиено со огромна доза гламур и сексапилни акценти, а ние ги издвоивме најзначајните и најдобро облечени актерки.

Погледнете кои се тие:

1. Lady Gaga

Ако очекувавте Лејди Гага да носи парче месо со години, тогаш сте сведоци на трансформација на пејачката. Најсмелите и многу нестандардни визии се заменети од храбри, но значително класични такви, а оваа година го откривме и другиот талент на пејачката – глумата. Lady Gaga се појави во специјално дизајнираниот Valentino Couture фустан во нежно сина, во комплет со бојата на нејзината коса.

2. Пенелопе Круз

Пенелопе Круз со себе носи со топла крв и сеедно што и да носи, секогаш изгледа неверојатно секси. Оваа година не е исклучок, а актерката се појави во храбар црн фустан со камелеонски ефект на Ralph & Russo со длабоко деколте. Нејзиниот изглед беше надополнет со накит на Ателие Сваровски.

3. Шарлиз Терон

Класичната инспирација беше уважена од неверојатната Шарлиз Терон, коа ја носеше вечната комбинација на црно-бело. Нејзиниот фустан е направен од страна на Диор Haute Couture, а посебен акцент се става на деколтето кое се затвора на вратот со масивна панделка.

4. Никол Кидман

Никол Кидман го помина црвениот тепих во друштво на нејзиниот сопруг Кит Урбан, и можеме безбедно да кажеме дека изгледаат совршено. Актерката се одлучи за смелиот долг црвен фустан од колекцијата Мајкл КОРС.

5. Емили Блант

Студената убавина на Емили Блант беше нагласена со прекрасен фустан на Александар Меквин. Ефектните везови и 3D принтови во сиво даваат особен сјај на актерката и ја рангираат несомнено во листата за најдобро облечени на церемонијата “Златен глобус”.