Уапсен најбараниот човек во Германија

од desk2
83 прегледи

Германската полиција соопшти дека денеска уапси осомничен за протекувањето лични податоци на стотици политичари, јавни личности и новинари во декември.


Станува збор за 20-годишно момче од западната созјуна покраина Хесен. Според полициски извори, тој го признал делото.

Германската јавност во петокот беше погодена со информацијата дека бројни приватни телефони, фотографии и пораки на полиитчари и јавни личности се објавени на Twitter.

Огромното количество податоци што хакерите го објавија на интернет се однесува на приватна коресподенција на стотици политичари на сите нивоа, но и некои јавни личност и и новинари.

Нивото на политичка штета засега не е познато.