Осум сообраќајки во Скопје изминатото деноноќие, четворица полесно повредени

од Марта Пешевска
185 прегледи

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири е причинета материјална штета.

Како што информираат од МВР, полицијата санкционирала 27 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, седум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.

Од сообраќај биле исклучени едно технички неисправно возило, шест нерегистрирани и 67 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 55 возила.

Полицијата презела мерки и кон еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца за не правилно престигнување, осум за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и осум за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.