Две години по неговата смрт, Џорџ Мајкл продолжува да поддржува различни добротворни цели. Кратко пред Божиќ, фондацијата на пејачот “Wham!”, испрати големи донации на две организации во Лос Анџелес.
“Неговата бесмртна великодушност ни помага година по година, носејќи толку многу добрина на илјадници луѓе, на кои им служиме”, коментира пред Daily Mail Ричард Ајоб од “Project Angel Food” и потврди дека и покрај смртта на изведувачот, тимот на Фондацијата не престанува да му помага со сè што може.
Во меѓувреме, љубителите на легендарниот изведувач се огорчени што сè уште нема надгробен споменик. Во март 2017 година, неговата пепел била ставена во гробот на неговата мајка, Лесли Анголанд Панајото.
“Тоа е непочитување за него, поминаа две години”, велат фановите на Фејсбук. Друга работа е дека тој најверојатно не сакал голем и сјаен надгробен споменик.
Се сеќаваме дека Џорџ Мајкл го напушти овој свет пред 53 години. Почина на 26 декември 2016 година.