Австралиската актерка и манекенка Аналис Бракенсик (46) беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сиднеј, а причината за смртта сè уште не е позната.

Бидејќи актерката не одговарала на телефон, семејството и нејзините пријатели се загрижиле и ја известиле полицијата, која во неделата го нашла безживотно тело на Аналис во нејзиниот стан.
https://www.instagram.com/p/Bqg8WjZh_13/?utm_source=ig_embed
Во претходниот период актерката на својот инстаграм-профил објавуваше бизарни постови „за животот”, што дополнително ги загрижи нејзините пријатели и другари.
https://www.instagram.com/p/BnZmI73hHjA/?utm_source=ig_embed
Паралелно со актерството Аналис се занимаваше и со манекенство, таа беше заштитното лице на организацијата „R U OK” која се занимава со менталното здравје и проблемот со самоубиство.
Актерката ја започна својата кариера во 1997 година во серијата „Heartbreak High”, а потоа играше во „Home and away” и „Pizaa“.
https://www.instagram.com/p/BjwR-tfgBYV/?utm_source=ig_embed