Снежна бура во Европа, 14 мртви, се закануваат лавини

од desk2
150 прегледи

Најмалку 14 лица загинаа во снежната бура која последните денови ја погоди Европа, а најтешка е состојбата во Алпите.

Австриските власти го подигнаа нивото на тревога од лавини на највисоко можно во неколку региони, а околу 350 жители на германската покраина Баварска се затрупани под снег.

Во некои делови на Австрија и на југот на Германија и понатаму се затворени училиштата, а блокирани се и неколку автопати.

Блокиран е патот близу Минхен, а спасувачите на камиони се обидуваат да достават храна до завеаните заедници во Баварска.

Еден учител (62) загина во Австрија додека скијаше во скијалиштето Маријацелер Бургералпе кога падна и остана закопан во снегот.

Опасноста од лавини се зголеми во текот на ноќта, а во Штаерска опасноста од лавини е подигната на највисоко петто ниво, пишува хрватски индекс.

За денеска се очекуваат снежни врнежи со јак ветар, што може да доведе до снежни наноси и покренување лавини.

Снегот прави проблеми и во сообраќајот.

Така на автопатот A12 во Австрија поради големи количини снег падна дрво, што доведе до потешкотии.

“Prese” пренесува дека околу 1.000 семејства во Тирол останале без струја, а се очекува во текот на денот тој број да порасне.

Во Долна Австрија околу 270 домаќинства се без струха, а најпогодени се окрузите Мелк, Шејбс Лилинфелд, а прекинот со снабдување со електрична енергија предизвикан е од дрвја паднати на електрични водови и искинати кабли.