ДИК е подготвена за спроведување на претседателските избори

од desk2
123 прегледи

Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори уверува претседателот на ДИК Олиовер Дерковски.

„Чекаме во февруари да ги закажат изборите. Ќе се гласа на стариот начин, со ув ламба и спреј. Една од работите на ДИК е постојано да го прочистува избирачкиот список“, вели Дерковски.

Тој најави дека се работи на тоа за парламнентаните избори да се гласа со нови технологии, со примена на отисок од прст

„Постојат инструменти кои го учитуваат прстот и вршат идентификација се појавува ваша фотографија, апотоа излегува глсачкото ливче. Целта на примента на новите технологии е заради постојаните забелешки за мани и инедостатоци за изборниот законик и подигање на довербата и оставрување на принципот еден човек еден глас. За сега ламбата и спрејот се уште остануваат како превенција од можни злопотреби“, кажа Дерковски.