Овој рецепт за гулаш сигурно ќе ги воодушеви вашите домашни
Гулашот им е омилено јадење на многумина, но овој рецепт е малку поинаков од вообичаениот.

Потребни состојки:
5 лажици брашно
половина лажица сол и бибер
700 грама јунешко исечкано на коцки
1 голем кромид и 3 чешниња лук
3 лажици масло
1 литар јунешка супа
400 грама доматен сос
4 големи компири
4 моркови
200 грама грашок од конзерва
Приготвување:
Измешајте четири лажици брашно, сол и бибер, па ставете ги во кесичка за фрижидер.
Ставете го месото во смесата и извалајте го во неа.
Кога ќе завршите со тоа, во кесичката би требало да остане малку брашно, па додајте му уште една лажица.
Во голем сад, на масло испржете го кромидот, лукот и месото извалано во брашно, па постепено додавајте супа и доматен сос.
Покријте го јадењето и печете го во рерна на 180 степени Целзиусови два часа.
Потоа, додајте ги компирот и морковите, па печете уште еден час, а при крај додајте го и грашокот од конзерва.