Кејти Мара и Џејми Бел чекаат бебе

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Актерката од САД Кејт Мара и нејзиниот сопруг, британскиот актер Џејми Бел, изгледа ќе станат родители, соопшти Контактмјузик.

Според неименуван извор, цитиран од Пејџ Сикс на “Њујорк пост”, 35-годишната Кејт Мара ја подшушнала радосната вест на актерката Емили Блант. Тоа се случило на одржаната пред неколку дена церемонија за наградите “Златен глобус”.

Според изворот Мара ја споделила со Блант возбудата дека со нејзиниот сопруг ќе станат родители. Поголемата сестра на Руни Мара не сокрила исто така, дека е нервозна, бидејќи се грижела луѓето да не разберат за бременоста пред да го направи официјално соопштение.

Кејт Мара ( “127 часа”, “Марсианецот”, “Куќа од карти”) и Џејми Бел ( “Били Елиот”) се уште не ги коментирале јавно гласините за претстојното родителство.

32-годишната Бел има четиригодишен син од својот брак со актерката Еван Рејчел Вуд.