Македонија го игра првиот натпревар на Светското ракометно првенство во Германија и Данска, а противник на нашите ракометари е репрезентацијата на Јапонија.

Иако Јапонците важат за аутсајдери во мечот со нашата репрезентација, сепак тие покажаа дека не се воопшто наивна репрезентација, што го прикажаа во еден напад, кога нивната брзина дојде до израз, а успеаја да направат и „цепелин“, но сето тоа беше залудно кога Борко Ристовски ја осуети нивната намера и не им дозволи на Јапонците атрактивно да го завршат нивниот одличен напад.
https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/354653355333594/
Борко Ристовски има 55 отсто ефикасност во одбраната.
Во нашата екипа, Дејан Манасков постигна неколку гола од контра, капитенот Кире Лазаров реализира пенали, а се игра и преку пикери.
Засега, стратегијата на селекторот Раул Гонзалес, одлично функционира.
Наполувреме заминавме со предност од пет гола, 18:13.