Кога e во сериозна врска: Бред Пит изгледа како неговата девојка

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Бред Пит дефинитивно е модна икона, па дури и жените сакаат да изгледаат така. Ова признание не дојде од друга, туку од неговиот поранешна свршеничка Гвинет Палтроу, која остави смешен коментар на оваа тема на Инстаграм.

Актерката го сподели своето мислење во пост за материјал на Daily Express од 2006 година, во кој се тврди дека Бред Пит “изгледа како сите свои девојки” , а тврдењето е поддржано со фотографии на ѕвездата во друштво на Анџелина Џоли, Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу .

Таа очигледно не се согласува со ова и одговара со зборовите: “Или ние сакаме да изгледаме како него – да се соочиме со вистината”.

Палтроу и Пит се запознаа на снимање на филм во 1994 година и се верија во 1996 година. Но, Гвинет не беше подготвена на 24-години за свадба и ја раскина свршувачката една година подоцна. Таа потоа излегуваше со актерот Бен Афлек помеѓу 1997 и 2000 година, додека Бред се фати со Џенифер Анистон. Двојката се венча во 2000 и се разведе во 2005. Гвинет се омажи за Крис Мартин, од кого има две деца, но и овој брак не беше успешен и заврши во 2014.

Во моментов, актерката е верена со продуцентот Бред Фалчак, а Пит е тазе разведен од актерката Анџелина Џоли.