Австриските трупи со хеликоптер спасија германски ученици завеани од снег во ски-ресорт вопетокот, откако спасувачките служби не можеа да пробијат пат поради големите количини снег.

dpatopbilder – HANDOUT – 11.01.2019, Österreich, Annaberg: Feuerwehleute räumen den Schnee von einem Dach. Foto: Matthias Fischer/www.fotomeister.at/NÖ LFKDO/APA/dpa – ACHTUNG: Nur zur redaktionellen Verwendung im Zusammenhang mit der aktuellen Berichterstattung und nur mit vollständiger Nennung des vorstehenden Credits +++ dpa-Bildfunk +++ |
Армијата користела два хеликоптери за да транспортира две групи од 66 ученици и учители од централната ски станица Касберг во Гренау. Тие беа отсечени од светот со денови поради огромните врнежи од снег на западот централниот дел од земјата.
Групата, од Дортмунд, Германија, пристигнала во одморалиштето минатата сабота, но станицата затворила неколку дена пред тоа поради опасност од лавини, паднати дрвја и прекин на електричната енергија.
Австрија е погодена од рекордни врнежи од снег кои непрестано паѓаат цела недела. Многу патишта се непроодни, затоа што нема доволно сол да се фрли на нив.
Поради тоа војниците, пожарникарите, други вработени во јавни претпријатија и волонтери не можеа да ги расчистат патиштата од снег во петокот, но се очекува уште снег викендов.
Околу 500 војници се на задача да расчистуваат патишта и покриви од снег во најпогодените области, а 1.000 војници се подготвни и чекаат наредба.
Поголемиот дел од земјата е под највисоко ниво на тревога од лавини, а двајца планинари се водат за исчезнати.
Повеќето од досгегашните жртви загинаа во лавини, но итната служба соопшти дека двајца загинале кога биле затрупани од многу снег, поради што се задушиле.
Викендов откажан е Светскиот куп во спуст за жени.
Уште едно одморалиште, Лосер, во централниот регион на Стириа, е потполно покриен под пет метри снег.
Лошо невреме го зафати и јужниот дел во Германија, каде армијата е викната на помош.
Бројни возачи беа затрупани во своите автомобилина патот А8, на југоистокот од Минхен а 90 летови беа откажани на аеродромот во петок.
Деветгодишно дете загина во четвртокот кога дрво паднало под тежината на снегот.