Подгответе вкусен ручек од мисиркино месо со ориз и зеленчук.

СОСТОЈКИ:
1 кг мисиркино месо
2 тиквици
300 гр шампињони
500 гр домати од конзерва
250 гр ориз
5 дл пилешка супа
2 главици кромид
2 чешниња лук
неколку гранчиња темјан
малку магдонос
сол
ловоров лист
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло кратко пропржете го месото од двете страни, па додајте исечкани тиквици, шампињони, главица сечкан кромид и ловоров лист. Динстајте кратко, а потоа измешајте домати и лук. Зачинете, поклопете и нека крчка половина час, додека месото не омекне. Додајте темјан и магдонос.
Оризот измешајте го со останатиот кромид, прелијте со супа и нека крчка на умерена температура околу половина час. Соединете го оризот и зеленчукот.
Добар апетит!