Меј предупредува на можна катастрофа за државата ко не биде прифатен нејзиниот предлог за напуштање на ЕУ

од desk4
123 прегледи

Британската премиерка Тереза Меј ги предупреди  пратениците дека евентуално отфрлање на нејзиниот предлог за напуштање на Европската унија би имало катастрофални последици за државата.

Меј упати повик само два дена пред гласањето во Парламентот.

Засега според британски медиуми, нема јасен знак дека Меј ќе добие поддршка во Парламентот.

– Пратениците не треба да ги разочараат луѓето кои гласаа за брегзит, нагласува Меј во статија во Сандеј експрес.

– Такво нешто би било катастрофално и недозволиво за довербата во нашата држава…Затоа мојата порака кон Парламентот овој викенд е јасна: време е да заборавиме на игрите и да направиме тоа што е добро за државата.

Министерот за надворешни работи Џереми Хант во петокот изјави дека ако договорот биде отфрлен може воопшто да не се случи брегзит.