Нова несреќа на Алпите: Со експлозив сакале да предизвикаат лавина, па загинале…

од desk2
128 прегледи

Двајца спасувачи од скијачкиот центар Моријон во француска Горна Савоја загинаа утринава додека се обидувале да изведат „превентивно предизвикување на лавина“.

Како што откриваат француските спасувачки служби, несреќата се случила утринава во 8:30 часот по локално време на околу 1,800 метри надморска височина, кога двајцата спасувачи се подготвувале за намерно предизвикување на лавина, процес кој се врши пред отворањето на скијачките патеки.

Според француските медиуми кои се повикуваат на извори од истрагата, двајцата спасувачи ракувале со експлозивот во моментот кога се случила трагедијата.

Француската метеоролошка служба денес испрати предупредување за висок степен на ризик од лавини, односно четврти степен од скала до пет, поради обилните врнежи на снег во подрачјето на Савоја овој викенд.

Од управата на Горна Савоја исто така предупредија дека снежната покривка ќе стане многу нестабилна во горните слоеви, со што се зголемува ризикот од лавини.