Светските ѕвезди кои добија деца со помош на сурогат мајки

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Во Холивуд станува модерно ѕвездите да се добиваат наследници, користејќи “утроба на изнајмување” или т.н. сурогат мајка.

Оние кои скоро кажаа дека ќе имаат син со користење на овој метод се Ким Кардашијан и Кание Вест. Реалити ѕвездата ги роди првите две деца – Норт и Сеинт, но откако помина две тешки бремености, таа одлучи да искористи сурогат мајка за да ги носи другите две деца.

На почетокот на минатата година Кание и Ким се здобија со втората ќерка – Чикаго, која беше родена од “утроба на изнајмување”, а оваа година двајцата ќе имаат и уште едно момченце, но овој пат друга жена ќе го износи бебето.

Меѓу ѕвездите има многу хомосексуалци за кои сурогатството е единствената опција за биолошки деца. Пример за ова се Елтон Џон (тој и неговиот сопруг имаат двајца синови, родени на овој начин), Нил Патрик Харис, кој има момче и девојка и Рики Мартин, кој има синови-близнаци, а неодамна доби и ќерка.

Проверете во нашата галерија кои се другите ѕвезди кои се потпреле на сурогат мајчинството.