Американскиот претседател Доналд Трамп плати стотици бургери, затоа што персоналот на Белата куќа е на отсуство поради блокадата на владата.

Тој организираше гозба во Белата куќа, а на менито поради блокадата на владата беа бургери, помфрит и пица.
Колеџ шампионите во американски фудбал, тинот Клемсон Тајгерс, Трамп ги дочека со повеќе од 300 бургери и помфрити, а тука некаде беа и пиците.
„Заради блокадата… Излеговме и нарачавме американска брза храна која јас ја платив’, рече Трамп пред новинарите.

Голем дел од федералната влада е вон функција поради блокадата, која влијае на околу 800.000 јавни службеници, меѓу кои и персоналот на Белата куќа.
Сите тие се или на отсуство или како вработените на контрола на летови, без плата работат веќе 24 дена.
Трамп одбива да го потпише новиот буџет, доколку во него нема одредено пари за изградба на ѕидот на границата со Мексико.
„Имаме пици, 300 хамбургери, многу, многу помфрит, сета наша омилена храна’, вели Трамп.
„Баш ме интересира што ќе видам овде на крај, мислам дека нема многу да остане“, додава.
На прашањето што сака најмногу да јаде, Трамп рече дека сака се.
„Ако е американска храна. ја сакам. Сета американска храна ја сакам“., вели претседателот.


Не е јасно колку претседателот платил за нарачаната храна, но рече дека не сакал да ја одложи оваа средба поради блокадата на владата.
Порано дента, Трамп на фармерите на конвенција во Њу Орлеанс, им рече дека ќе продолжи да се бори за ѕидот кој го ветуваше во предизборната капмања.
„КОга станува збор за тоа американскиот народ да биде безбеден, никогаш, никогаш нема да отстапам“, рече Трамп.
Во меѓувреме Пентагон соопшти дека до крајот на септември ќе ја продолжи воената мисија на границата со Мексико.
Повеќе илјади војници се наоѓаат на границата од ноември, во мисијата која требаше да биде готова во декември, но крајот е одлаган веќе два пати, на барање на Министерството за одбрана.