Хју Грант бара да му го вратат украденото сценарио

од desk2
97 прегледи

Британскиот глумец Хју Грант викендов бил жртва на провала, по што тој ги замоли крадците кои му го искршиле автомобилот, да му го вратат само сценариото кое го одзеле.


Грант, во објавата на Твитер вели дека се мали шансите некој да знае кој ја извршил кражбата, но замоли барем да му се врати сценариото, на кое потрошил многу седмици работа, идеи и размисли.

Меѓу украдените предмети се и здравствените картички на неговите деца, вели тој во објавата.