Меган Маркел е во шестиот месец. Информацијата се потврдила за време на официјалната посета на Бартонхед.
Војводата и војвотката од Сасекс се сретнаа со своите фанови. Откако едно 9-годишно девојче ја праша сопругата на принцот Хари дали ќе имаат момче или девојче, таа одлучи да открие некои детали за нејзината бременост.
“Меган дојде кај мене и ме праша колку сум стара и каде студирав. Ѝ го видов јасно стомачето и ја прашав кој ќе биде полот на бебето, а таа ми одговори: “Ние не знаеме дали ќе биде момче или девојче, го чуваме тоа за изненадување”, објасни 9-годишната Кити Дадли за списанието “People”.
Меган само му кажала на девојчето дека очекува детето да се роди во април.
Од друга страна, 92-годишната Дороти Паркер, која дојде да се сретне со кралската двојка, коментираше дека Меган зепрела да ѝ честита и објаснила дека во моментов е во совршено здравје.
Како што веќе напишавме, според кралскиот протокол, Хари и Меган немаат право да го знаат полот на бебето. Ќе им биде јавено малку пред да започне раѓањето.
Во меѓувреме, шпекулациите продолжуваат дека односот меѓу Меган и Кејт не е во цут.