Крист Прат ѝ предложи брак на ќерката на познатиот актер и конгресмен, Кетрин Шварценегер. По објавувањето на среќните вести во Instagram, Ана Фарис побрза да го искоментира неговиот статус.
“Мило ми е за тебе !! Честитки “, напиша актерката која се разведе од актерот по 10-годишен брак. Тие имаат 7-годишен син по име Џек.
42-годишната русокоска вели дека одржува пријателски односи со Крис. Таа излегуваше со Мајкл Барет во септември минатата година.
Во меѓувреме, идната невеста беше забележана на дожд на улиците на Лос Анџелес. Прстенот е јасно видлив на нејзината лева рака.
Според златарот Ендру Браун, прстенот што актерот ѝ го понудил на својата сакана е дијамант од 5 карати, кој најверојатно чини помеѓу 150 и 175 илјади долари.
Крис Прат и Кетрин Шварценегер прв пат се појавиле во јавноста во јуни 2018 година.