Џастин и Хејли избраа свадбен датум

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Четири месеци откако склучија граѓански брак и станаа семејство Бибер, Џастин и Хејли избраа датум за свадбата. Таа ќе биде на 28-ми февруари и подготовките за неа ќе се одвиваат непречено.

Според Hollywoodlife, двојката веќе испратила покани за среќниот настан. Не го спомнуваат местото, но на овој начин сакаат однапред да знаат колку гости да очекуваат.

Датумот за венчавката не е случајна – еден ден пред роденденот на пејачот и пет и пол месеци откако потпиша со Хејли Болдвин.

Изведувачот, омилен на многу тинејџерки, го ангажирал својот личен диџеј Теј Џејмс, со кој оди по настапи, како и група танчери.

Идејата е свадбата да биде во потесен круг, со семејствата на двајцата младенци и нивните најдобри пријатели. Деталите ќе бидат доставени до гостите во последен момент, коментира Џастин Бибер.

Како што веќе напишавме, изведувачот и моделот се верија во јули, а само еден месец подоцна потпишаа и го склучија граѓанскиот брак. Џастин ја запросил Хејли  на романтично патување на Бахамите и оттогаш и двајцата се неразделни.