Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп – Рудолф Џулијани, изјави дека никогаш не негираше дека во изборната кампања на претседателот во 2016 година имало релации со руската влада , туку само тврдел дека лично Трамп не е вмешан.
Во интервју за емисијата “Cuomo Prime Time” во етерот на CNN поранешниот градоначалник на Њујорк коментира дека не знае дали други учесници во кампањата, вклучувајќи го и Пол Манафорт работеле со Кремљ во 2016 година
“Зборував за претседателот на САД. Нема ниту еден доказ дека претседателот на САД е вмешан во што и да е или какво било кривично дело, кое би можело да се заврши во заговор со Русите, за да биде пробиени Националниот комитет на Демократската партија.” – тврди адвокатот на Трамп.