Ријана е разочарана од нејзиниот татко. Откако дознала дека го злоупотребувал нејзиното име, Фенти, пејачката поднела тужба до федералниот суд во Лос Анџелес.
Роналд Фенти и неговите двајца соработници го основале Fenti Entertainment во 2017 година, искористувајќи го брендот Ријана Фенти.
Изведувачката се обратила кон обвинителството за да го запре лажното рекламирање и измамата зад грбот. Таа не навела каков надоместок бара за штетата што ја претрпела.
Според Ријана, “Фенти ентертејнмент” е дел од нејзината компанија. Така нејзиниот татко и неговите соработници прифатија предлози за учество на ѕвездата на 15 концерти во Латинска Америка.
Сè уште нема информации за тоа дали таткото на пејачката има вмешано прсти во измамата или не знаел.
Во моментов, брендот на Ријана нуди козметика и долна облека.