Британскиот актер Хју Грант беше жртва на грабеж за време на викендот. Тој потоа побара од крадците што го украле автомобилот да му го вратат … само сценариото што било внатре.
Во порака на Твитер актерот вели дека се мали шансите некој да дознае кој ја извршил кражбата, но моли барем да му биде вратено сценариото, над кое тој поминал многу недели во работа, идеи и размислувања “.
Меѓу украдените предмети се и здравствените картички на неговите деца, вели тој во изјавата.