Од каде ѝ е енергијата на Мадона на 60?

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Веројатно сте се запрашале како Мадона го задржува својот пат и од каде доаѓа нејзината енергија не само на сцената туку и во животот. Да продолжи да биде фактор во музиката и да се грижи за нејзините шест деца. И без сопруг покрај неа.

Пејачката е голем обожавател на спортот и не се ограничува само на банални тренинзи со тренер во салата. Таа танцува, практикува јога, бокс, пливање и возење велосипед.

Но, таа сепак мисли дека тајната на нејзината енергија доаѓа од правилна исхрана. Токму тоа ѝ помага да ја задржи младоста.

Мадона се придржува до строга макробиотска исхрана, која дозволува само органски зеленчук, овошје, риба, кафеав ориз. Односот на протеини, масти и јаглени хидрати, исто така, се држи до одреден процент – 30:30:40.