И натами илјадници поделени семејства на бегалци во САД . И покрај одлуката на судот дека децата не треба насилно да се одвоени од нивните семејства по влегувањето во земјата, се чини дека нивниот број се зголемува, покажува извештај за министерството за здравство објавен од страна на АФП.
Податоците се за околу 3.000 деца нивните семејства со месеци трагаат . Досега се пријавени околу 2 500 малолетни лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави, уште со доаѓањето на власт, политика на нулта толеранција кон илегалната имиграција. Минатата година беа земени и конкретни мерки за ограничување – листа со земји за чии граѓани нема да бидат дадени дозволи, а потоа и планови за изградба на ѕид долж границата со Мексико. Судот интервенираше и ја укина листата, а потоа одлучи да не се разделуваат семејства на мигранти.
Трамп во неколку наврати истакна дека не е против имигрантите, туку само законските кои постапуваат според правилата и доаѓаат да придонесуваат за нивниот труд за економијата на земјата. Според него, ситуацијата на јужната граница може да се опише како инвазија и хуманитарна катастрофа.
Сепак, проблемот со изградба на ѕидот меќу Конгресот и претседателот и доведе до блокада и шатдаун во траење од еден месец.