40-те години се најдобриот период во мојата кариера, и ова е ретка работа во Холивуд. Секоја жена од оваа возраст мора да биде независна и да си создаде сопствени пари. Тоа е она што Рис Витерспун го раскажа пред Вог. Слатката актерка ја украси корицата на списанието за февруари.
Ѕвездата изгледа одлично во зелениот макси фустан од колекцијата пролет-лето на Живанши. Таа носи насмевка на устата.
Холивудската ѕвезда застана зад леќата на списанието со нејзината мајка и ќерка за да ја прикаже впечатливата сличност меѓу трите генерации.
Витерспун раскажува дека од мала била бунтовничка и никогаш не се сраметла да изразува мислење на глас. Тоа неа ѝ носело конфликти како во училиште, така и во работата – на сетот.
“Ми здодеа да учествувам во проекти во кои сум во единствената главна женска улога. Ми здодеа да читам сценарија во кои има само еден женски лик, кој е напишан лошо, но сепак секоја жена сака да добие можност да го одигра, бидејќи ништо друго не ѝ се нуди како опција … “, изјави таа и прецизираше дека серијата “Big Little Lies” има за цел да ги “стави жените во центарот на приказната”. Таа не само што учествува во него, но е и негов продуцент.
Поттикната од одбраната на правата на жените, Рис создава училиште за млади режисери. Има свој канал на YouTube, и е вклучена во разни дискусии.
Сите фотографии од фотосесијата може да се видат во нашата галерија.