Две жртви и 14 повредени во пожар во скијачки центар

од desk4
114 прегледи

Две лица загинаа во неделата, а уште 14 беа повредени, четворица од нив сериозно, при голем пожар во зимското одморалиште Куршевел во француските Алпи, изјавија официјални претставници, цитирани од AFP.

Пожарот избувнал во раните утрински часови и евакуации на околу 60 работници, вклучувајќи странци од трикатна зграда за сместување на персоналот.

Пожарникарите  ги откриле телата  на двајцата загинати во изгорениот  дел на зградата.

Тројца од четворицата тешко повредени се пренесени во болница со хеликоптер, објавија локалните власти.

Причината за пожарот не е позната засега, но околу 70 пожарникари веќе го совладале огнот.