Холивудскиот актер и миленик на жените Бред Пит наводно е заљубен во колешката Шарлиз Терон и тоа две години по разводот од Анџелина Џоли, пишуваат светските медиуми.

55-годишниот Бред и 43-годишната Шарлиз ги запознал нејзиниот поранешен вереник Шон Пен, инаку близок пријател со Бред, пишува The Sun.
„Гулапчињата не ги симнуваа рацете еден од друг на прикажувањето на филмот Рома минатиот викенд во дворецот Мармонт во Западен Холивуд“, откри неименуван извор.
Шарлиз наводно веќе била на забавата по прикажувањето на филмот, а Бред стигнал нешто подоцна и ја придружувал во барот.
„Тој беше на една друга филмска проекција, отиде да се пресоблече и дојде да ја види Шарлиз. Беа многу интимни, цело време неговата рака беше на нејзиниот грб. Изгледаа многу среќни“, вели изворот.