Тереза Меј има „план Бе“, а тој личи на „планот А„

од desk2
128 прегледи

Британската премиерка Тереза Меј го обелодени „планот Бе“, за Брегзит, које налик на „планот А“, во обид да издејствува усвојување на отфрлената спогодба во парламентот.

На Меј и останува претходно да обезбеди промена на ставот на унијата за границата со Ирска.

Зборувајќи за тоа што планира да направи откако спогодбата за излез на Британија од ЕУ британскиот парламент ја отфрли минатата недела, таа во понеделник рече дека ја има во предвид загриженоста на пратениците поради осигурителната политика чија цел е да гарантира дека по Брегизт нема царинска контрола долж границата со Ирска, која е членка на ЕУ, и британската територија на Северна Ирска, пренесе АП.

Тереза Меј во Долниот дом на парламентот рече дека „оваа недела ќе разговара со колегите… за да разгледа како може да ги задоволи обрските кон граѓаните (на британската покраина) Северна Ирска и Република Ирска на начин на кој може да добие најголема поддрѓка во Долниот дом“.

„А тогаш заклучоците од таа средба ќе ги пренесам во Европската унија“, рече Меј.

Меѓутоа, европскиот блок, нагласува дека нема да преговара за спогодбата за повлекување на ританија од ЕУ.

Противниците на Меј изразија неверување во поглед на изгледите таа да успее во таа намера, со оглед на тоа дека бртианските пратеници минатата недела одлучно го отфрлија спомнатиот договор, а дека лидерите на ЕУ упорно порачуваат дека нема повторно да преговараат за него.

Приота, лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин ја обвини премиерката за „длабоко порекнување“ на неуспехот од нејзиниот дговор, а нејзините обиди да го „воскресне„ ги спореди до филм од 1993 година „Ден на мрмотот“ во кој главниот лик е осуден да го преживува истиот ден постојано.